Здраво тело

Газираните пијалоци – болест во шише!!!

До навистина непријатна информација стигнаа експертите од универзитетот во Шефилд, Англија, кои во продолжение од неколку години го истражуваат влијанието на едни од омилените и масовно конзумирани пијалоци во светот.

Накратко кажано една од основните компоненти во газираните пијалоци води до образување на карциногена супстанција во телото.

Супстанцијата е наречена натрумов бензоат и е активна компонента на конзервансите кои масовно се употребуваат при производството на поголемиот дел од газираните пијалоци на пазарот.

Според специјалистите во областа на молекуларната биологија и биотехника, натриумовиот бензоат може да доведе до болести како цироза на црниот дроб и дегенератиувни болести како Паркинсон.

Причината – карциногената супстанција влијае директно и агресивно врз клетките на живите организми и деактивира делови од ДНК-та.

Науката одавна ја утврдила врската помеѓу натриумовиот бензоат со раковите болести. Кога тој ќе се соедини со витаминот Ц во клетките се образува карциногена материја наречена бензол.

Полошата вест е фактот што бензоатот се употребува како конзерванс во сувомеснатите производи.

Се уште не е забранета неговата употреба но науката продолжува да собира докази потврдувајќи ја својата теорија.

 

Напиши коментар