ШоуБиз

Гејшата ги тужи медиумите! Дали нејзината улога е вистинската професија?

Актерката Џанг Зијл, главниот лик од филмот “Мемоарите на една гејша” ги тужи таблоидите од Хонг Конг заради наверда.

Имено, таблоидите објавиле дека таа е навистина гејша која нуди сексуални задоволства на високи функционери, и тоа го правела речиси 10 години. Во тој период таа заработила 110 милиони долари, пишуваат медиумите. Овие информации тие ги објавиле во месец мај, по што следеле остри критики, негодувања и навреди од страна на целата јавност, упатени кон актерката.

Адвокатот на актерката изјавил дека таа е во тешка психичка криза, и токму заради тоа ги тужи медиумите. Веднаш по изјавата тие ги избришале информациите од интернет порталите, но сеуште не се огласиле на тужбата.

Напиши коментар