ШоуБиз

George Clooney и татко му уапсени!

George Clooney бил уапсен за време на еден протест пред амбасадата на Судан, во Вашингтон и со лисици на рацете бил приведен во полициска станица.

Актерот, неговиот татко Nick, како и бројни други протестанти биле три пати предупредени да се оддалечат и да не поминуваат преку препреката поставена од полицијата. Но, Clooney бил упорен и не ги слушал предупредувањата.

Имено, актерот и група активисти го обвиниле суданскиот претседател Omar Al Bashir дека предизвикал хуманитарна криза со тоа што спречувал достава на храна и помош во подрачјето на Нуба, планина на границата со Јужен Судан.

Актерот изјавил дека сака да го привлече вниманието на јавноста и на сите да им покаже со какви проблеми се сочуваат луѓето во Судан. На нивните транспаренти пишувало: „Стоп за оружјето за масовно изгладување“.

Напиши коментар