Моделите од марката Pretty Ballerinas ќе ги обожувате!!!
Ако вашето најомилено годишно време е пролетта , вашите најсакани чевли многу е веројатно дека се балетанките од кои не излегувате се до зимата. Понудата на балетанки во нашите продавници од сезона во сезона е сè подобра и подобра, посебно од кога е можно да се купуваат оние од брендот Pretty Ballerinas. Освен што се прекрасни и квалитетно изработени, Pretty Ballerinas чевличките се посебни и поради својот назив, како и поради потеклото.

Секој модел од чевлите има назив по некоја женска филмска / или музичка легенда, некој град, а брендот на пазарот опстојува уште од 1918 година кога биле направени првите балетанки на медитеранскиот остров Menorci. По тие чевли буквално лудуваат трендсетерките како што е Kate Moss, а една од дамите кои ги обожува е и сестрата на Kate Middleton која освен чевлите ги носи и чантите од овој познат бренд.
Балетанките се најпопуларни кај блогерките и трендсетерките од страниците на модните списанија кои всушност и ги направија едни од најпознатите и посакувани оригинални и пред се удобни чевли.









1 Comment
Super se