Денес решивме да го разгледаме светот на богатите и славните и нивниот гламурозен животен стил. Во овие проекти е вложено многу, сите тие чинат по неколку милиони долари, дело се на едни од најпрестижните дизајнерски куќи и секој од нив не фасцинираше на свој начин.
Најчесто станува збор за ултра модерен стил на уредување, каде и најмалите детали се доведени до совршенство. Дом создаден за максимално уживање што оди во паралела со општествениот статус на човекот што го поседува.























