За денес одбравме да ви прикажеме галерија од само еден фустан, но несекојдневен…
Едноставен , но сепак посебен. Дизајниран, како вистинска уметничка сказна. Украсите со циркони и штрасови, аплицирани на чипка даваат ефект на прекрасна елеганција. Тулот се протега на горниот дел и на него се аплицирани бисери кои извезени стануваат дел од орнаменталниот дизајн. Плисираните карнери претопени во прекрасен балон ефект создаваат елеганција која навистина фасцинира. Оригиналноста и романтичноста на овој модел навистина оставаат без здив…
Погледнете ја оваа галерија и ќе го видите ова прекрасно уметничко дело…





