Bridal

Гламурозна и драматична колекција венчаници од Пнина Торнаи

Дизајнерската куќа Пнина Торнаи ја претстави својата најнова пролетна колекција на венчаници, која модните критичари ја оценија како навистина гламурозна и драматична.

Колекцијата ја карактеризираат вистински балски венчаници достојни за секоја „принцеза“, но и поедноставни, а сепак навистина елегантни фустани наменети за оние со попрефинет вкус.

Она што е впечатливо кај оваа колекција се навистина деталните украси на венчаниците, од ситни бисерчиња, монистри и светки, па до вистински кристали кај најлуксузните модели.

 

Напиши коментар