Дестинации

Гламурозниот остров на Дејвид Коперфилд

Светски познатиот илузионист, Дејвид Коперфилд, го поседува местото кое ќе му донесе дополнителен приход и кое го спојува убавото и корисното, а се наоѓа на Бахами…

За ова рајско место, Дејвид изјавува дека претставува најперфектното место на светот. Воодушевен од пределите од соништата, прекрасната плажа, морето, дивината… Негова импресија претставуваат и желките, кои токму овде го имаат најдено својот дом и живеат од 200 до 300 години. Ентериерот на вилата располага со раскошни детаљи, како што и самиот Дејвид кажува, секој дел има своја посебна приказна.

Дејвид внесе неколку новитети во оваа феноменална туристичка дестинација. Доколку сакате Вашиот одмор да го поминете овде, осмислете го Вашиот дневен распоред, секој поминат час на овој тропски остров. Од атракциите кои би сакале да ги доживеете, авантуристичките дестинации кои сакате да ги видите недалеку од островот, многубројните водени спортови, оброци… замислата и реализацијата нека биде Ваша…

Уживајте во ова мало парче рај !!!

Напиши коментар