Sweet Home

Гламурозниот стан на Мадона на Менхетн

Инспириран од гламурозниот стил Art Deco, Christoper Ciccone, помладиот брат на Мадона го дизајнирал ентериерот на станот во Њујорк, на познатата поп- пејачка.

„ Она што најмногу сум го посакувала, е да го сакам моето опкружување“, изјавила Мадона за својот стан на Менхетн, чие уредување го доверила на својот помлад брат, Кристофер, а за изборот на својот дизајнер, прокоментирала: „ Со кого би можела да имам повеќе заедничко, ако не со оној со кого сум пораснала? Ние сакаме исти работи. Од храна до музика“.

Овој едноставен стан, зрачи со топлина и удобност. Исполнет со уметнички дела во целиот простор, повеќе потсетува на некоја галерија.

Кристофер иако е самоук дизајнер, успешно креирал перфектно катче за привременото бегство на Мадона од „ celebrity“ животот. „ Сакав да направам Њујоршки стан, кој за Мадона би бил елегантен, спокоен, а сепак не би бил досаден“.

Станот имал три посебни целини, во моментите кога Мадона и нејзиниот поранешен сопруг Шон Пен го купиле, во средината на ’80те.  Кристофер успеал да го реорганизира со помош на архитектот  Stephen Wang и да успее да го уреди во Art Deco стил. Задржани се повеќе оригинални детали од 1915 година како што се камините и лајсните кои пак се поклопуваат со новите елементи.

Напиши коментар