Мојата кујна

Глазирани кременадли

Одличен ручек на денешното мени

Потребни состојки:

–      4 кременадли

 

За маринирање:

–      3 лажици сенф

–      една лажица мед

–      2 лажици масло

–      сок од половина лимон

–      една лажица жалфија

 

За прелив:

–      половина главица кромид

–      5 лажици сок од јаболко

–      150 мл павлака

–      2 лажици магдонос

–      зачини по желба

Подготовка:

Исчистете ги кременадлите од маснотијата, па ставете ги во садот со сите состојки за маринирање. Оставете ги кременадлите да ја впијат аромата половина час. Потоа извадете ги од чинијата, но сочувајте ја преостанатата смеса за преливот.

Кременадлите испечете ги на загрена тава. Сокот кој ќе остане во тавата за печење исто така сочувајте го. Во него додајте го преостанатото од смесата за маринирање, и состојките за преливот. Зачинете и ставете го на оган. Кога ќе добиете убава смеса прелијте ги кременадлите и послужете.

Напиши коментар