Prison brake

Го ризикуваше сопствениот живот за животот на татко и

10 приказни за луѓе кои за влакно ја избегнале смртта

Утрото на 3-ти март Дејвид Хант и неговата единаесет годишна ќерка заминале со моторна санка до викендицата во Маниваки во Канада. На 6 километри од нивниот дом наишле на голем снег, при што Дејвид ја изгубил контролата над санката. Санката почнала да паѓа во дупка длабока 2 метри полна со вода. За среќа тој ја турнал ќерка му пред да падне санката. Но, тој не успеал да се извлече од ударот од моторната санка која на неколку места му ја скршила ногата.

Тој не бил во состојба да се движи, па неговата ќерка се спуштила во длабочината. Таа сакала да тргне да бара помош, но затоа што ноќта се ближела Дејвид не и дозволил сама да оди во шумата каде имало многу диви животни. Тие останале цела ноќ прегрнати во надеж дека ќе го дочекаат утрото.

Штом се разденило таа тргнала да бара помош. Кога стигнала до најблиското село веднаш ја однеле во болница, а другите соселани отишле да му помогнат на Дејвид. На девојчето и било установена хипотермија при што морале да и ја ампутираат десната нога и прстите на левата.

Таа била задржана во болница неколку месеци при што и биле направени осум операции.

Напиши коментар