Светската здравствена организација проценува дека годишно јадеме околку 500 килограми храна, од кои 3 килограми отрови.

Стручњаците предупредуваат дека на денешната храна и недостасуваат огромен процент на хранливи материи, пример за тоа се овошјето и зеленчукот кои се берат пред да созреат и да ги развијат сите потребни витамини и минерали. Тоа се прави поради далечината и патот кој тие треба да го поминат за да стигнат до нашите трпези.

Друг сигурен доказ дека јадеме околу 3 килограми отрови годишно е фактот кој вели дека храната која ја консумираме е полна до пестициди и емулгатори, како и таканаречените „антинутреанти“ како што се белиот шеќер, црвеното месо и заситените масти.

За „антинутреанти“ ретко се збори. Кога станува збор за нив мора да се знае дека тие успеваат да ги извадат отровите од виталните органи но за сметка на тоа ги таложат во пределот на кожата а тоа се манифестира во вид на целулит и масни ткива.

Напиши коментар