ШоуБиз

Гола Џеј Ло во реклама за парфем!

Џенифер Лопез почна со промоција на својот најнов парфем „Glowing“, кој требе да биде пуштен во продажба во мај, оваа година.  На провокативната слика за кампањата на нејзиниот 18-ти по ред парфем, можете да ја видите Лопез сосема гола.

Таа седи со скрстени нозе, додека со рацете стратешки си ги покрива интимните делови од телото. За едно интервју, Лопез објаснува по што овој парфем се разликува од парфемот „Glow“ од 2002 година.

–          „Glowing“ е чекор погоре од „Glow“. „Glowing“ има чист, сладникав мирис. Тоа е она што од секогаш сум го сакала. Сакам чисти ароми. Овој парфем е еволуција на парфемот што го создадов пред десет години. Потсетува на Њујорк, има темни, природни и секси ноти.

Напиши коментар