Motherhood

Големите постигнувања на бебето

Секоја мајка се радува на големите достигнувања на своето бебе. Тоа се незаборавни моменти кои се паметат цел живот. Ова се големите достигнувања на малите душички:

Првата насмевка

Ова е едно од првите достигнувања на секое бебе. Кога ќе ја видите првата насмевка и кога за прв пат ќе го слушнете гласното смеење на бебето ќе ја доживеете најголемата радост. Ќе сакате тоа да се случи повторно и повторно…

Првото фаќање

Достигнување е да го земеш тоа што го сакаш. Само во оваа фаза треба да бидете многу внимателни, да не земе нешто што би можело да го повреди.

Првиот збор

Овој момент ќе го запаметите. Ќе го слушнете прекрасниот бебешки глас на вашето бебе како нешто изговара за прв пат.

Првото забче

Иако е многу болно, ова достигнување е факт дека вашето бебе расте. Иако се мачни моменти за бебето и за вас, сепак се моменти кои се паметат.

Првиот чекор

Ова е огромно достигнување, вашето бебе започнува да чекори. Зарем може да се заборави моментот кога тоа се осамостојува?

Првиот роденден

Ја прославувате првата година од неговото раѓање. Тоа е денот кога ќе се присетите на секој момент од вашата бременост, на денот кога вашето бебе дојде на свет… ќе бидете горда што сте мајка.

Напиши коментар