ШоуБиз

Голи слики на John Lennon и Yoko Ono!

Голите фотографии од познатиот музичар и неговата жена биле пронајдени на еден таван и сопственикот одлучил да ги продаде на аукција.

Двете фотографии на популарниот музичар John Lennon и негоавата сопруга Yoko Ono се направени во 1968 година за потребите на нивниот албум со наслов „Unfinished Music No 1: Two Virgins“, а фотките ги направиле самите музичари во станот на Ringo Star во Лондон.

Непознатиот сопственик го ставил сликите на продажба откако ги нашол на таванот од станот на мајка си. Жената починала и никому не кажала за сликите што ги имала на таванот.

Се претпоставува дека сликите достигнале цена од 700 фунти, а засега никој не знае како овие две слики се нашле кај старата жена.

Напиши коментар