Целата актерска екипа која е дел од Gossip Girl претставува добар пример за тоа како треба да се облекуваат модерните девојки и момчиња. Секогаш се во комбинации кои го одземаат здивот, но тоа е така откако камерите ќе се вклучат.
Пред да се вклучат камерите, актерите се во поопуштено издание, особено женскиот дел од екипата. Па така може да ги видиме во преубави елегантни фустанчиња искомбинирани со евтини папучи кои им олеснуваат да стојат на нозе по цел ден, додека трае снимањето. Еве дел од екипата која е во подготовки за снимање:







