ШоуБиз

Гостите во хотелот каде умре Витни Хјустон со жалба!

Голем број од гостите кои престојувале во Беверли Хилтон хотелот во периодот кога во истиот почина ѕвездата Витни Хјустон, бараат од менаџментот на хотелот да им ги врати парите кои ги уплатиле за престојот во тој период.

Наводно, за време на целата збрка и хаос, да се престојува во хотелот било невозможно, а на гостите никогаш не им било понудено извинување или било каква компензација за неприликите. Целиот хотел бил затворен и преполн со репортери и обезбедувње, а гостите требало постојано да се идентификуват со цел да докажат дека навистина се гости, а не папараци.

Немало шанси за одмор и релаксција. Хотелот одбил да им ги врати парите или да има даде попуст на гостите и тие сега планираат да поднесат жалба на суд.

Напиши коментар