Експерти од Норвешка утврдиле дека готвењето на плин може да предизвика сериозни здравствени последици, па дури и рак.
Направен е експеримент каде било анализирано влијанието на плинот во комбинација со мастите за готвење ( масло, маргарин, путер и сл) и количеството опасни соединенија во воздухот кои се ослободуваат при готвење на високи температури. Тие соединенија припаѓаат кон групата А2 – „многу веројатно карценогени за човекот„.
Измерена била концентрацијата на полициклични јаглеводороди и алдехиди кои се сметаат за карциногени и ултрафини честици кои се токсични и за белите дробови.
Според нив највисоката концентрација на нафтален – полицикличен јаглеводород се ослободува при пржење со маргарин на плин. Највисока концентрација на алдехиди е измерена при пржење на плин без разлика со каква маст. При пржење на плин се ослободуваат и највисоките концентрации на микрочестици за што дека е последица од согорувањето или пламенот на плинот, а не од пржењето.
