Здраво тело

Готвењето на плин може да предизвика рак

Експерти од Норвешка утврдиле дека готвењето на плин може да предизвика сериозни здравствени последици, па дури и рак.

Направен е експеримент  каде било анализирано влијанието  на плинот во комбинација со мастите за готвење ( масло, маргарин, путер и сл) и количеството опасни соединенија во воздухот кои се ослободуваат при готвење на високи температури. Тие соединенија припаѓаат кон групата А2 – „многу веројатно карценогени за човекот„.

Измерена била концентрацијата на полициклични јаглеводороди  и алдехиди кои се сметаат за карциногени и ултрафини честици кои се токсични и за белите дробови.

Според нив највисоката концентрација на нафтален  – полицикличен јаглеводород се ослободува при пржење со маргарин на плин. Највисока концентрација на алдехиди е измерена при пржење на плин без разлика со каква маст. При пржење на плин се ослободуваат и највисоките концентрации на микрочестици за што дека е последица од согорувањето или пламенот на плинот, а не од пржењето.

Напиши коментар