Дестинации

Градови во кои живеат најубавите мажи на светот…

Со оглед дека ретко кој ја има привилегијата да патува низ светот, жени кои ја имале таа среќа, направиле една необична листа. Овој пат не станува збор за објекти, градби, природни богатства, туку за градови во кои живеат најубавите мажи на светот.

Американската интернет страница travelersdigest. com ја истакна листата со градовите во кои живеат најубавите мажи во светот…На врвот, се наоѓа Стокхолм. Градот, од кој доаѓа секси „ вампирот “ од Александер Скарсгард и еден од најдобрите шведски фудбалери, Фреди Љунберг. Њујорк, е втор на листата. На секој чекор од овој град, ќе наидете на згодни мажи  на кои ќе фрлите око, така што шетањето по улиците на „ Големото Јаболко “ ќе биде едно естетски вредно искуство. Следен на листата е Амстердам, градот во кој згодните момци елегантно се возат на велосипеди помеѓу познатите канали и така привлекуваат воздишки на женскиот дел од популацијата.

И понатаму остануваме во Европа, односно во португалскиот главен град Лисабон, местото чии жители од машки пол, ги освоија срцата на многу патнички. Следен на листата е Буенос Аирес, местото во кое владеат високи, темнокоси странци, од татковината на тангата и најстраствениот танц на светот.

Комплетната листа  изгледа вака:

1. Стокхолм, Шведска

2. Њујорк, САД

3. Амстердам, Холандија

4. Лисабон, Португалија

5. Буенос Аирес, Аргентина

6. Сиднеј, Австралија

7. Мадрид, Шпанија

8. Берлин, Германија

9. Милано, Италија

10. Тел Авив, Израел

Напиши коментар