Sweet Home

Grand Roxbury, Калифорнија – вистинска архитектонска уметност

Достапна преку приватен пат, оваа вила во својот раскошен двор Ве води преку прекрасната, елегантна, челична капија. Инаку е лоцирана во Rancho Santa Fe, Калифорнија. Центарот на Santa Fe е близу, а таму се лоцирани бројни продавници со луксузни брендови, училишта од висока класа, врвни ресторани, голф терени од светски калибар…

Вилата поседува 6 спални соби, 4 купатила и е украсена со неверојатен мозаик. Во својот состав има билијард клуб, луксузен бар, приватно пристаниште, спа, теретана… Поседот околу вилата го краси зеленило, од кое палмите, со својата убавина се највпечатливи. Од оваа вила е одделена куќичка, подготвена да им овозможи вистински одмор на гостите, со посебна доза на приватност.

Колку и цената од 11, 4 милиони американски долари да изгледа високо, сигурно дека оваа вила од 1.100 метри квадратни заслужува и цена од девет цифри…

Напиши коментар