Убавина

Грав за здрави нокти

Заради намалениот квалитет на исхраната во зима се намалува и квалитетот на ноктите, кожата и косата. Затоа во овој временски период од годината е потребна поголема нега од вообичаено.

Пијте вода

Иако веќе ова го знаете, сепак добро е да потсетиме дека водата е неопходна за правилно функционирање на целиот организам. И ноктите имаат потреба од вода, таа е потребна за низа процеси кои се важни за цврстината на ноктите.

Протеини од зеленчук

Особено оние протеини кои ги има во гравот. Една порција неделно може да ви биде доволна за убави и здрави нокти.

Нега

Освен што е важно да внимавате на исхраната и негата е од големо значење. Во зима задолжително користете креми за зацврстување на ноктите.

Одмор од лак

Иако лакот ги штити ноктите, сепак не е на одмет да ги одморите ноктите од лак. Тој не дозволува тие правилно и слободно да дишат.

 

Напиши коментар