Здраво тело

Грав за здраво срце

Гравот содржи многу витамини, влакна и многу малку калории, што ја прави идеална храна за оние кои се бават со некаков спорт или за оние кои внимаваат на својата линија. Ова се предностите кои ги носи оваа храна:

Грав за здраво срце

За разлика од месото кое е на база на протеини, гравот е намирница која има многу малку масленост, нема заситени масти и транс масти и холестерол. Истражувањата покажаа дека лицата кои редовно консумираат грав имаат многу мали шанси да се здобијат со срцеви заболувања.

Гравот го намалува ризикот од одредени врсти на рак

Оваа храна е богат извор на антиоксиданси и фитохемикалии. Тие се од особена важност за да спречат појава и развој на рак.

Грав за добро ниво на шеќер во крвта

Гравот има низок глихемиски индекс и содржи сложени јаглехидрати кои полека се разложуваат. Заради тоа го одржува нивото на шеќер во нормалните граници.

Тој е добар за енергија и виталност

Содржи протеини, сложени јаглехидрати, влакна, антиоксидаси и важни минерали и витамини кои ни даваат енергија и чувство на ситост на подолго време. Со оглед на ниската масленост која ја има гравот се препорачува на оние кои сакаат да ослабат.

Грав за трудниците и здравјето на бебето

Гравот се препорачува на трудниците, бидејќи тоа е времето кога жената мора да внимава да се храни здраво. Тогаш сé што таа внесува доаѓа и до бебето. Гравот има голема количина на фолна киселина, која е особено важна за добар и правилен развој на бебето.

 

Напиши коментар