Мојата кујна

Грчка пита

Потребни состојки за фил:

–          500 гр фета

–          3 мали тиквици

–          2 страка праз

–          главица кромид

–          3 јајца

–          70 мл масло

–          Бибер

Потребни состојки за тетстото:

–          900 гр брашно

–          2 чаши вода

–          100 гр маргарин

–          сол

Подготовка:

Исчистете ги тиквиците, исечете ги на кругови, посолете ги и оставете ги да пуштат вода. Ситно исецкајте го празот  и пропржете го на масло, па посолете и зачинете со бибер. Оставете го да се излади. Замесете тврдо тесто и поделето го на пола. Од секој дел направете по шест топчиња. Секое топче расукајте го. Редете по три кори, а секоја премачкувајте ја со маргарин. Од 12-те топчиња ќе добиете четири кори. Секоја од корите расукајте ја така што ќе биде поголема од плехот за печење. На подмачканиот плех ставете една кора, со рацете наберете ја за да ја собере целата внатре. Изматете ги јајцата и премачкајте ја кората. Фетата исечете ја на тенки листови па наредете ги врз јајцата. Преку сирењето ставете ги тиквиците, па малку од кромидот и празот. Така повторете со сите кори и фил. Последната кора премачкајте ја со малку масло и јајца. Печете на 180 степени околу еден час.

 

Напиши коментар