Убавина

Грешки кај шминкањето

Со цел да изгледаат совршено, жените понекогаш претеруваат со шминката. Сепак , во пресрет излгеуваат професионалците кои советуваат како да се избегнат грешките кај шминкањето, за кои многу пати ни самите жени не се свесни.

Пудра – Пудрата не смее да биде потемна од вашата кожа и да ја прави корава, за време на Зима. Таа улога ја имаат бронзерите. Пудрата има задача да ги прикрие недостатоците и да го изедначи тенот, така што бирајте пудра која ќе се совпаѓа, а ќе делувате како да имате природно нежна и мека кожа.

Подлога – Пудрата се нанесува исклучително на лице кое претходно сте го „ нахраниле “ со крем. Кожата без оваа подлога изгледа уморно а ситните брчки се повпечатливи ако шминката ја нанесете директно врз нив.

Молив за усни – Полните усни не одговараат на лицето на секоја жена, затоа при шминкањето, секогаш обликувајте ги според нивната вистинска големина. Секое пречекорување со моливот за усни може да направи да изгледате исфорсирано и вештачко.

Тенки веѓи – Со желба за совршен изглед, понекогаш знаете да се занесете при кубењето веѓи. Кога веѓите се потенки, изгледате построго и ладно. Секогаш стремете се за природен изглед а тоа ќе го постигнете ако ги обликувате полека и стрпливо.

Напиши коментар