Убавина

Грешки кај слабеењето

Доколку „кренавте раце“ од разните диети и режими, вежбањето, броењето калории, не барајте ја вината во Вашиот метаболизам, туку во Вас. За неуспешноста на Вашиот труд се „заслужни“ неколку грешки, кои можеби за Вас се неприметни, но за слабеењето се клучни.  Во прилог Ви прикажуваме 10 грешки кои го отежнуваат слабеењето. Тука сме да Ве мотивираме, избегнувајте ги овие грешки…и продолжете со здравиот начин на исхрана кој ќе ве доведе до… топ форма !!!

1. Намирници кои содржат многу калории Намирниците кои се сметаат за поздрави варијанти, не содржат значително помалку калории од нездравата храна. Некои овошни шејкови и сокови, содржат значително повеќе калории. Затоа, најдобар начин за да го контролирате внесот на калории е запишувањето. Запишувајте сé што јадете, одредете го потребниот внес на калории, според Вашиот организам и придржувајте се на тој план.

2.Диетални грицки и десерти-  Во текот на диетите, многу луѓе посегнуваат по диетални грицки и десерти кои не содржат масти и шеќер. Бидејќи сметаат дека не дебелат, многу луѓе на тој начин внесуваат двојно повеќе калории.

3.Ист тип на вежби-  Оние кои сакаат да изгубат вишок килограми, постојано вежбаат ист тип на вежби, а повеќето се стомачмни, со кои се настојува да се загубат масните наслаги на стомакот. Стомачните вежби ги зацврстуваат мускулите, но доколку ги запоставите кардио вежбите, нема да ослабете. Редовниот активен тренинг помага во согорувањето на калориите.

4.Не пиете доволно вода–  Во текот на денот, потребно е да пиете многу вода, а многумина тоа го забораваат, особено во текот на зимата. Водата е најздравиот напиток, кој најмногу ни е потребен, а го спречува пиењето на засладени калорични напитоци.

5.Преработена храна наместо свежа- Свежите намирници содржат најмногу здрави нутрициенти, за разлика од преработените, кои можат да содржат и калории за кои не сте ни свесни. Јадете разнобразно и свежо овошје и зеленчук.

6.Го прескокнувате појадокот- Појадокот е најважниот оброк во текот на целиот ден, ја дава потребната енергија и го спречува честото гладување, а со тоа и прејадувањето во текот на денот.

7.Гладувате цел ден- Доколку гладувате преку денот, кога конечно ќе одлучите нешто да јадете, најчесто посегнувате по нездрава храна. Така, внесената енергија, ќе се складира во масни наслаги наместо да се троши во текот на денот.

8.Мислите дека вежбањето е обврска- Доколку сакате да ослабете, телесните вежби мора да ги доживеете како здрав стил на живеење, а не како тешка работа или обврска која мора да ја исполните. Телесните вежби се одлични за физичкото, но и психичкото здравје.

9.Негативен став- Ако сметате дека не можете да ги загубите килограмите и дека и во генетиката ви е запишано да не можете да ослабете, таквиот став негативно ќе влијае на целиот процес на Вашата диета.

10.Немате план- Кај слабеењето важно е да имате однапред утврден план кон кој ќе се придржувате. Самата желба и намера не помагаат, доколку не знаете како тоа ќе го остварите.

Напиши коментар