Motherhood

Грижата за домот – обврска на секое дете !!!

Во споредба со обврските кои децата ги имале пред 40 години а се однесувале за одржување на домот или дворот, денешните деца имаат многу помалку или скоро николку задолженија во домот. Денес иако родителите имаат многу повеќе активности во однос на време и задолженија сепак истите и повеќе работат кога станува збор за активности во одржување на чист и уреден дом.

Најновото истражување открило дека ¼ од децата на возраст под 16 години учествуваат во чистењето односно грижата за домот. Исто така е утврдено дека децата кои имаат повеќе задолженија дадени од родителите, а се однесуваат за одржувањето на домот не работат ништо повеќе време од оние кои немаат такви задолженија. За секое 5 дете домашните активности се сведуваат само на одржување на сопствената соба.

Во однос на родителите кои за одржување на домот трошат од 3 до 4 часа неделно, децата за домашни активности трошат само 1/3 од времето кое го трошат родителите и тоа во текот на 1 месец.

Според студијата 3 од 5 деца се наградуваат со чоколадо или сума на пари за да ги завршат своите домашни активности поврзани со одржување на домот.

Напиши коментар