Здраво тело

Грст суви сливи дневно нé чуваат од остеопороза

Можеби сливите ве потсетуваат на  некоја непријатна случка кога сте биле надуени, сте имале запек или гасови, но сувите сливи имаат сосема спротивен ефект.

Истражувачите докажаа дека сувите сливи се далеку подобри од сувите смокви, урми, јагоди, суво грозје… Сувите сливи оставаат голем ефект врз коските, поточно на густината на коските. Изгледа дека со консумирањето на суви сливи се намалуваат скршениците, кои се многу почести кај старите лица.

Научниците сметаат дека еден грст суви сливи на ден се доволни за да се заштитиме од остеопороза. Тие препорачуваат жените кои се во менопауза да го практикуваат ова, бидејќи остеопорозата токму тогаш знае да се појави. Само 100 гр или 10 суви сливи на ден се доволни за цврсто да стоиме на нозе.

 

Напиши коментар