Пробајте ја оваа освежителна салата со многу хранливи состојки.
Потрени состојки:
– 2 главици зелена салата
– 2 свежи краставици
– 2 врзопа ротквици
– 3 млади лукчиња
– 4 јајца
– зачини
– кисела павлака
Подготовка:
Ситно исецкајте го зеленчукот, сварете ги јајцата и исецкајте ги. Измешајте ги состојките, додајте кисела павлака и ставете ги зачините. Убаво промешајте и декорирајте со неколку кришки ротквица.
