Gulpiyuri е интересна мала плажа во форма на школка, лоцирана близу Llanes, мало гратче во Шпанија. Всушност, плажата се наоѓа на 100 метри од морето, но поврзана е со мрежа од подземни пештери. Доколку се најдете на ова место, нема да можете да го видите огромниот океан, но затоа, рај за Вашите очи ќе биде мал залив.
Како што ќе забележите и на фотографиите, станува збор за необична плажа… Необична, поради фактот што за разлика од оние кои излегуваат на море, езеро или океан, оваа плажа излегува на плитка водена површина, која е доволна за оваа плажа да го добие епитетот прекрасна…







