ШоуБиз

Гвен Стефани сепак си го сака мажот :)

Судејќи по овие фотки љубовта на Гвен Стефани и Гејвин Росдејл сеуште цвета како на самите почетоци. Парот го поминал викендот на риболов со своите синови Кингстон и Зума, а подоцна сите заедно се забавувале на детското игралиште во Малибу. Гвен и Гејвин цело време си разменувале нежности и со тоа ги демантираа неодамнешните гласини дека тие двајца се на прагот на развод.

Се шушкаше дека бракот кој трае веќе девет години полека се распаѓа и дека Гвен повеќе не може да ги толерира аферите на неверниот Гејвин. Нивната врска досега го има преживеано признанието на Гејвин дека имал хомосексуални искуства, наводната афера со Кортни Лав и криењето на фактот дека има 22-годишна ќерка по име Дејзи Лоуи заедно со Перл Лоуи.

Напиши коментар