Беше прилично искрена кога и да стануваше збор за одржувањето на нејзината одлична фигура, а сега Гвинет Палтроу е среќна да сподели со своите фанови кое е нејзиното мислење за стареењето.
– Ќе си ги носам своите брчки, воопшто не ми се допаѓа ботоксот, – искрено изјавила Гвинет за мартовскиот број на списанието „Харперс Базаар“.
Што ѝ се допаѓа? Покрај сопругот и децата, Гвинет обожава храна.
– Јадам сè што сакам. Сакам и леб и сирење и вино, а тоа го прави мојот живот забавен и интересен.
Но, нејзниот живот не се содржи секогаш од задоволство. Авторката на книга за готвење често оди на детоксикација за да го рестартира и прочисти својот организам, па можеби тоа е тоа што секогаш ја одржува во форма.
