ШоуБиз

Gwyneth Paltrow е новото лице на „Hugo Boss“!

Актерката Gwyneth Paltrow е новото заштитно лице на парфемот „Nuit Pour Femme“ на модната куќа „Hugo Boss“.

Оскаровката Paltrow неколку пати досега си ја има испробано среќата во модната индустрија. Таа е заштитно лице и на скандинавскиот моден бренд „Lindex“. Во повеќе наврати минатата година, актерката има претставувано и неколку други светски познати брендови.

Како што е соопштено од модната куќа на „Hugo Boss“, Gwyneth за нив ќе снима ТВ реклама, ќе учествува во нивната кампања, а ќе се фотографира и за печатеното издание. Во истата кампања со Gwyneth ќе се најдат и Sienna Miller, Orlando Bloom и Jared Leto.

Кампањата започнува во август, ова лето.

Напиши коментар