ШоуБиз

Хајди Клум и Сил се разведуваат?!

Американскиот интернет портал TMZ.com пишува дека супер моделот Хајди Клум се разведува од својот сопруг.

Наводно, следната недела, познатата манекенка треба да го поднесе своето барање за развод од пејачот Сил со кој се во брак веќе седум години.

Иако, тие двајца важеа за еден од најскладните холивудски парови кој секоја година го обновуваше својот брак, од TMZ дознаваат дека Хајди Клум е таа што го побарала раводот поради „непремостливи разлики“.

Парот има три заеднички деца, а Сил ја има посвоено ќерката на Клум од нејзиниот прв брак.

Напиши коментар