ШоуБиз

Хајди вљубена во својот телохранител

Хајди Клум признала дека е заљубена во својот телохранител и партнер Мартин Кристен. Гласиите за романсата помеѓу супермоделот и нејзиниот телохранител почнаа да кружат во медиумите претходно оваа година.

Сил, поранешниот маж на Хајди Клум, предизвика контроверзии кога изјави дека тие двајца имале афера додека сеуште била во брак. Сил подоцна ги негираше овие обвинувања.

Клум за германскиот магазин “Bunte” открила дека нејзините деца навистина го сакаат Кристен.

“Многу им се допаѓа. Тоа е една од причините поради која и јас многу го сакам. Тој ми помага веќе со години. Се грижи и за децата. Си игра со нив и ги чува. Верувам во него”, вели Клум.

На прашањето колку е сериозна нивната врска, Клум одговорила: “Да! Заљубена сум во него!”.

Heidi Klum with her bodyguard and alleged lover Martin Kristen

 

Напиши коментар