Мојата кујна

Хамбургер на Американски начин

Зготвениот хамбургер според овој рецепт е неверојатно вкусен и едноставен за подготовка. Можеби мислите дека сега не е време за скара, но овој рецепт е за домашна варијанта на тавче.

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:

400 грама говедско месо ( може и мешано)

1 јајце

1 ситно исечкан кромид

1-2 кришки бајат леб

Сол, бибер по желба

1-2 лажички сенф

4 лажички павлака

Малку презла

Путер или масло за пржење.

НАЧИН НА ПОДГОТОВКА:

Бајатиот леб ставете го во топла вода и убаво исцедете го. Добро исцедениот од вода бајат леб измешајте го со меленото месо, јајцето, кромидот и сенфот, мешајте додека не добиете компактна смеса. Смесата посолете ја, ставете бибер.

Смесата поделете ја на 8 еднакви парчиња и од секое парче обликувајте стандардна потенка плескавица.

На секоја од плескавиците намачкајте по една мала лажичка павлака и редете ги една врз друга. Притиснете ја ивицата по целата површина на добиениот бургер за да не истече павлаката при пржење.

По желба бургерот извалајте го во презла.

Пржете на средна температура.

Уживајте!!!

Напиши коментар