Мојата кујна

Хамбургер на англиски начин

Летото е идеално време да ја распалите скарата и да го испробате овој вкусен и сочен ручек.

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:

500 грама мелено месо

Лажичка коријандер и лажичка ким истолчени во аван

Лажичка семф

Главица кромид

Сол и бибер

2 јајца

Кришка леб (срединка не ја топете во вода)

2 средно големи кисели краставички ( ситно сечкани)

Маринада:

2 – 3 лимони

2 – 3 чешнина лук

Зачин

Маслиново масло

НАЧИН НА ПОДГОТОВКА:

Составете ги сите состојки за хамбургер и направете топчиња  во големина која е потребна за една плескавица.

Направете маринада од приложените состојки и прелиј те ја врз топчињата мелено месо. Оставате да отстојат во фрижидер најмалку 2 часа, а за поубав вкус се препорачува да отстои цела ноќ за да може месото да ги впие сите сокови.

Од топчињата направете плескавици и пржете ги на скара или испечете ги во рерна.

Направете гарнир од крцкави пржени компирчиња и летна салата.

Вкусот е за паметење!!!

Уживајте!!!

Напиши коментар