ШоуБиз

Хамилтон со 10 жени се забавувал до 5 наутро! Што ли ќе каже на ова Никол?

Возачот на Формула 1, Луис Хамилтон се најде во поприлично незгодна ситуација. Неговата девојка, Никол Шерцингер дозна за лудата забава на Хамилтон со раперот Кулио и уште десет девојки.

Луис се забавувал со друштвото во лондоснките клубови, па потоа се упатиле кон пентхаусот на луксузниот хотел “Mayfair”.

Една од девојките изјавила за странските медиуми дека лудо се забавувале до 5 и 30 наутро, посипувајќи се со шампањ и играјќи цело време.

Никол била бесна на сето ова. Таа за тоа време била во Лос Анџелес, и не и се допаѓа што целата приказна има ваков негативен контекст.

Напиши коментар