ШоуБиз

Хаос во кралството на Британија заради голите слики на Хари

Фотографиите со задникот на принцот Хари  се раширија низ светот со брзина на светлината. Неговото голо тело како и недоличното однесување е топ тема на сите светски медиуми. Сето тоа предизвика голем хаос во кралската палата. Од таму потврдија дека тоа на сликите е навистина Хари, но одбија да коментираат било што.

Од близок извор на кралството се дозна дека тие свикале итен состанок на кој мора да се одговори на прашањето: Каде биле тројцата телохранители додека се случувале овие несоодветни случувања. Зошто тие не го оттргнале принцот Хари од овие блудничави случувања, зошто дозволиле да се слика сето тоа…?

Хари пристигнал во Британија но одбил да разговара со новинарите.

Инаку во Британија е строго забрането да се објавуваат овие фотографии на британските медиуми. Но, за среќа тука е интернетот кој на сите британци ќе им ја овозможи можноста да ги погледнат овие фотографии.

Напиши коментар