Можеби е одличен актер, но тоа по дефиницијата не значи дека Даниел Редлиф знае што точно прави во својот приватен живот.
Всушност, тој признава дека среќен што неговата девојка Роузи Кокер има смисла за хумор, бидејќи тој е вистинска утка кога станува збор за правење романтични работи, а да не зборуваме за состаноци. Тие секогаш завршувале катастрофално за него.
– Мразам состаноци бидејќи секогаш ги утнувам. И со Роузи, немав појма како да постапувам, не знаев на кој состанок треба да пробам да ја бакнам, – признава актерот. „На вториот состанок се обидов да ја бакнам, но некако се лизнав и не сакајќи ја бакнав на вратот што е прилично интимно место за некој што го гледаш втор пат во животот“ – објаснува Даниел.
Потоа ѝ се извинил преку порака, но за среќа на Роузи сето тоа ѝ било смешно, па продолжиле да се гледаат.
