Дестинации

Хаваи…најголемиот ривал на Зимата !!!

И додека сите се „ фалат “ за наврнатите снежни сантиментри а Вие веќе со резерва гледате на снежните денови…тука сме да го скршиме мразот. Да, оној мраз кој не само што фактички го создадоа снежните денови, туку и оној кој со нетрпение чека да го стопат неодоливите и егзотични ноти. Хаваи овој пат ја има честа…

Хаваи е сојузна  американска држава, архипелаг во средниот дел на Пацификот, кој се наоѓа  југозападно од континенталниот дел на САД, југоисточно од Јапонија и североисточно од Австралија.

Природната убавина, тропската клима, бистрото море и бранови и активните вулкани го прават ова место атрактивно за туристи, сурфери, биолози и вулканолози.

Главен град е Хонолулу, кој се наоѓа на островот Оахо. Хаваите, практично го зафаќаат целиот вулкански ланец на Хавајските острови кој се состои од стотици острови  на простор од 2400 километри. На југоисточниот крај од архипелагот се наоѓаат осумте таканаречени „ главни острови“ : Нијхау, Кауај, Оаху, Молокај, Ланај, Кахолаве, Мауи и Хаваи. Островот Хаваи е најдалеку и се нарекува „големиот остров“, за да не биде помешан со сојузната држава. Архипелагот е дел од Полинезија.

Хаваи има тропска клима, со тоа што температурата и влажноста на воздухот не се толку екстремни, поради постојаното  делување на пасатите во источен правец. Највисоките температури во текот на летото изнесуваат 31°C во текот на денот и 24°C во текот на ноќта. Во текот, пак, на зимата, највисоките дневни температури се 28°C, а ноќните достигнуваат до 18°C.

Велат…стандардите не се фалат…Ве оставаме само да уживате !

http://www.youtube.com/watch?feature=player_embedded&v=jsROHBNM3lA

Напиши коментар