Sweet Home

Хедонистички дом – раскош, пријатна атмосфера и позитивна енергија…

„ Jewel of Maui “ е величествената вила која претставува извонреден спој на луксузот и егзотиката…

Овој раскош се наоѓа на островот Maui, кој е втор по големина на хавајскиот архипелаг. Сопственикот на куќата, Christian Lassen, во соработка со славниот дизајнер на ентериер, Steven Cordeyem  создаде олицетворение на тропската убавина, која ја надополнува неверојатен поглед на Пацификот и островот Молокаи.

Куќата ја опкружува нереално бела плажа која секако придонесува за нејзиниот шарм и пријатност. Пет спални соби со бањи, базени, куќно кино и уште многу други забавни содржини се наоѓаат во состав на оваа вила. Овој дом често може да се види во магазините за дизајн и во ТВ емисиите, со што се доловува начинот на живот на богатите и славните…

Напиши коментар