ШоуБиз

Helen Mirren тргнала да се прошета по пижами!

На оваа фотка Helen Mirren изгледа како штотуку да облекла старечка пижама и се упатила кон својот кревет на спиење. Меѓутоа се работи за фактот дека актерката се наоѓа на снимањето на една од сцените во склоп на новиот филмски проект.

Во филмот за животот на славниот режисер и продуцент Alfred Hitchcosk, Mirren ќе ја игра неговата жена Alma Reville. Снимањето започнало неодамна во Пасадена, Калифорнија. Еден од најдобрите актери на денешницава Anthony Hopkins ќе го игра познатиот режисер, а дел од филмот ќе бидат и Scarlett Johansson, Jessica Biel, James D’Arcy и многу други.

На филмот уште од сега му се предвидува голем успех со оглед на тоа што не е само биографски, туку има и елементи на романса.

Напиши коментар