Motherhood

Хеликоптер родителство – „најголемиот грев“ на родителите

Во желбата, децата да бидат што поуспешни, некои родители прават се она што не треба да го направат. Постои верување дека правењето услуги на вашето дете е начин да му се помогне побрзо да ги совлада обврските, но во суштина со тоа создавате дете кое е во секој поглед зависно од Вас .

Сите знаеме дека родителите сакаат се најдобро за своето дете, меѓутоа доколку го пратите секој чекор на своето дете и му помагате и за најмала ситница Вие всушност му правите огромна контра услуга. Ваквото однесување на родителите во детската педијатрија го носи името „ Хеликоптер родителство“

Според последните статистики последиците од хеликоптер родителството покажале дека 40 проценти од децата од 18 до 39 години ( не земајќи ги во обѕир студентите)  се уште живеат со своите родители. Уште повознемирувачки е податокот дека 26 проценти од родителите кои живеат со своите возрасни деца ги зголемиле своите  долгови за цели 60 проценти, и неверојатни 36 проценти го одложиле одењето во пензија само да им помогнат на своите деца.

Според педагозите „најголем грев“ на родителите е нивната немоќ да создадат независни деца. Нивната преголема љубов и саможртвување создаваат личности кои имаат неквалитетна перспектива.

Доколку Вие се пронајдовте во карактеристиките на  „хеликоптер родител“ време е да престанете да го правите тоа и да му помогнете на своето дете да застане на своите нозе за да го осети тлото кое постојано е во движење, затоа што само на тој начин ќе создадете одговорна и исполнителна личност… Тоа сигурно е и Ваша најголема желба !!!

Еве неколку работи од каде што можете да почнете да се поправате… само заради Вашето дете !!!

1. Ги избирате неговите пријатели?

Сигурно мислите дека Вие знаете што, кој и како е најдобро за Вашето дете. И веројатно сте во право. Меѓутоа не ја прескокнувајте и другата вистина која вели дека детето мора само да ја научи лекцијата да ги одбира своите пријатели. Детето мора да научи да препознава зли од добри луѓе. Затоа пробајте да го оставите да одлучи во свое име и реагирајте само доколку забележите отстапки кои се косат со Вашите лични убедувања ( деца што пцујат, крадат, се однесуваат надвор од пропишаните правила на добро однесување итн).

2. Зборувате во негово име?

Лесно е да ги ставите своите зборови во детските усти, затоа што децата често се несигурно и не знаат како да се изразат на сопствен начин. Наместо да одговарате за своето дете, пробајте да го охрабрите да зборува во свое име.

3. Домашни работи

Морате да останете имуни на плачливиот изговор „ не можам ова да го направам“. Помогнете во случај ако увидите збунетост кај своето дете од темата која треба да ја научи, во тој случај само предложете му неколку решенија а тоа само нека одлучи кое е вистинското.

Неговата домашна задача е само негова, оставете простор да се помачи и на тој да ја зголеми својата самодоверба со добро завршената домашна работа.

Напиши коментар