ШоуБиз

Херојот Ryan Gosling!

Покрај тоа што е успешен актер и што е неверојатно шармантен, па го обожаваат милиони жени, Ryan Gosling  е и вистински херој.

Кaко што пренесува „Huffington Post“, актерот неодамна ѝ помогнал на една британска новинарка да не ја прегази автомобил. Новинарката Laura Peny пред да ја премине улицата погледнала на погрешната страна, бидејќи во нејзината родна Британија се вози на левата страна на улицата. Кога почнала да ја преминува улицата, некој викнал „Еј, девојко“, ја зграпчил за рака и ја повлекол на тротоарот.

На почетокот, таа не го препознала актерот, но подоцна ѝ објасниле за кого се работи. Новинарката за овој настан напишала и на Твитер, но од таборот на Ryan сеуште нема коментар. За актерот, ова не е прво херојство. Неодамна, се обидел да спречи и една тепачка на улиците на Њујорк.

Write A Comment