Убавина

Хигиена на V – зоната

Хигиената на интимноста кај жената мора да биде правилна. Ова се три начини за правилна хигиена за таму доле…

Внимателно измијте ги гениталиите – кога се туширате или сте во бања секогаш орактикувајте да користите “благи“ препарати. Остатоците од сапун или купка добро исплакнете ги со топла вода, бидејќи само на тој начин ќе ги одстраните остатовите од сапуницата која инаку може да ја надрзанат кожата во V – зоната.

Никогаш немојте да ја миете вагината од внатре – тоа и онака не е потребно, бидејќи со секојдневното туширање се одржува хигиената на гениталиите. Со самото миење на вагината од внатре можно е да внесете бактерии во вагиналниот канал, а тоа може да предизвика инфекција. Исто така хемикалиите во препаратите може да ја надрзанат кожата од внатре.

Избегнувајте производи со адитиви – хемикалиите кои се наоѓаат во парфемираните спауни, гелови за туширање, може да бидат многу иритирачки за вагината. Избегнувајте ги и антибактериските сапуни кои може да ја надрзнат кожата во таа зона која во тој предел е најтенка и чувствителна.

 

Напиши коментар