ШоуБиз

Hilary Duff доби синче!

Актерката Hilary Duff (24) стана мајка. Уште една млада мама во големото холивудско семејство.

Таа и нејзиниот сопруг Mike Comrie добиле син во вторникот, на 20-ти Март.

–          Добредојде на свет Luca Cruz Comrie! Вторник навечер станавме горди родители на здраво машко дете, – напишала актерката на својот Твитер.

–          Пресреќни сме и мислам дека сме најрадосните родители на светот. Нашиот син е опкружен со премногу љубов. И мајката и бебето се одлично, – додава таа.

Ова за Hilary е прво дете и таа уште во август соопшти дека со сопругот се подготвени за ново поглавје во нивните животи, а за неа бременоста поминала доста лесно.

Напиши коментар