Мода

H&M предлози за лето 2012

Познато е дека H&M сака да биде чекор пред другите, според тоа една летна мини кампања на ова ладно време нималку не зачудува. Миленичката на H&M Frida Gustavsson, повторно застана пред објективот на Andreas Sjödin и со огромна сензуалност покажа кои парчиња облака ќе бидат најбарани со порастот на температурите.

H&M – овиот lookbook за лето 2012. Ни носи низа парчиња облека во нежни пастелни тонови, обогатени со гламорозни бои. Од една страна доминира спортската мода од 50 години, со генијално интересни јакни по кои тренсетерките сигурно ќе лудуваат во летна сезона, а на другите модни куќи ќе им даде pin up идеи за модерен дизајн.

Напиши коментар