Вашиот омилен бренд, овој пат Ви претставува четири модни стилови за жешките и сончеви денови:
Лесни материјали, провидни кошули, макси фустани и секси брановидна коса го одбележуваат летниот стил, според H&M…
1. Обоени ткаенини

Изгледот на старите маици, фармерки или панталони може да го освежите со разни бои. Овој tie – die look не мора секогаш да биде психоделичен, за да изгледа добро. Минималистички и софистициран изглед ќе добиете и во комбинација со обични кратки панталони.
2.Омбре ефект

Оваа сезона, голем тренд во светот на модата и убавината е „ омбре “ односно постепената градација на бои.Од H&M предлагаат кратки панталони во тиркизно сина боја со омбре ефект. Горниот дел може да биде провиден.
3.Неизбежниот џинс

Тексас кошула, под широк и провиден макси фустан – вистински погодок од H&M. Стајлингот заокружете го со украсени обувки и марама која може да се носи како трака за коса.
4.„ Хипи “ реси

„ Хипи “ изглед ќе постигнете доколу облечете елек со реси. Оваа комбинација можете да ја комбинирате со сандали на полна пета.
