Дестинации

Хотелот „Пуерта Америка“ – најубавиот хотел во Мадрид

Мадрид…престолнината на пасијата наречена Шпанија… Фламенко, убава архитектура, фудбалски дрим тим и многу хотели се неколкуте асоцијации кои ќе први ќе ви паднат на памет. Сепак, ние се потрудивме да Ви го приближиме најубавиот Хотел во него, со име „ Пуерта Америка“ и неговата моќ за изнудување воздишка, кај секој посетител на овој град.

Уште кога ќе се приближите кон хотелот, ќе ја откриете замислата што ја имал самиот архитект. Разнобојната фасада и уникатниот изглед се само увертира за она што Ве очекува внатре…Повеќе од ова издание, не може ни да се постигне во модернистичкиот архитектонски концепт. Илузиите во облик на ходници, заоблените врати од собите, неправилните елементи, беспрекорната чистина, мотивите како од фантазијата, се само дел од неколкуте Ваши „забелешки“. Читатели, хотелов едноставно дава чувство дека се наоѓате во вселената. Се е така футуристичко и пространо…Да не Ве убедуваме ние, проценете сами…

Write A Comment